Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-57, Куманово-10, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-7, Тетово-19, Струга-3, Велес-4, Битола-1, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Пробиштип-2, Свети Николе-2, Ресен-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти од: Скопје-42, Штип-40, Прилеп-1, Тетово-16, Велес-1, Гостивар-5, Кочани-2, Пробиштип-3, Свети Николе-2.
Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години.
Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст 56,69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години. Во болницата во Штип е починат пациент на возраст од 81 година. Во Гостивар е починат пациент на 70 години. Во Тетово е починат пациент на 62 годишна возраст.
Во Институтот за белодробни заболувања за деца- Козле почина пациентка од Скопје 83 години, потврдена позитивна денес.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6209, бројката на оздравени пациенти е 2427, на починати е 298, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3484. Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3006, активни 1986
• Куманово 750, активни 293
• Дебар 92, активни 40
• Штип 332, активни 148
• Прилеп 257, активни 33
• Тетово 681, активни 366
• Струга 218, активни 133
• Велес 182, активни 37
• Битола 50, активни 17
• Охрид 167, активни 143
• Кавадарци 15, активни 9
• Гостивар 117, активни 62
• Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 15, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 69, активни 22
• Пробиштип 17, активни 9
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 4, активни 2
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 2, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 27, активни 23
• Кичево 30, активни 25
• Ресен 100, активни 94
• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 868 теста се преку: ИЈЗ –660, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –0, Биотек –0, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -25, Судска медицина-0, Систина со PCR метода -73, ЦЈЗ Битола-, лабораторија Лаор- 0. Досега во земјата се направени вкупно 59.633 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, две деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 136 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 78 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 417
• Аеродром – 148
• Бутел – 134
• Гази Баба – 158
• Центар – 131
• Карпош – 135
• Сарај – 142
• Кисела Вода – 106
• Ѓорче Петров – 101
• Студеничани – 91
• Шуто Оризари – 75
• Арачиново – 53
• Илинден – 32
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 15
• Сопиште – 12
• Зелениково-2
• Странец – 2
• Нераспределен-157