Фото: Игор Бансколиев

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 664 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола е хоспитализиран 54 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 29 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 82 во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 15 во Кичево 20, Кавадарци 39, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1145 и има околу 290 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите
болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.


ИЈЗ: Во последните три недели намален е бројот на новозаболени и починати

Во последните три недели постои тренд на намалување на бројот на новозаболени и починати од коронавирус, како и процентот на позитивни од тестирани лица, соопшти Институтот за јавно здравје.

Во извештајот за изминатата недела, од 14 до 20 декември, се наведува дека се тестирани 15.607 лица, што е намалување од 1,6 % во однос на минатата недела.

Регистрирани се 4.585 нови позитивни случаи од 35 града во државата со намалување од 16,9 % во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи и натаму е од Скопје.

Во периодот од 14 до 20 декември процентот на позитивни од тестирани случаи изнесува 29,3 %, намалување од 5,5 % во однос на минатата недела.

Минатата недела се регистрирани заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (29,3 %). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50 до 59 години (19,3 %), 30-39 (17,7 %), 40-49 (17,5 %) и 20-29 (11,1 %). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години (1,3 %) и од 10 до 19 години (3,9 %).

По добиени два негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4.513 лица што биле хоспитализирани или на домашно лекување, 15,1 % помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 159 смртни случаи од 25 града, со намалување од 8,6 % во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 131 лице биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50 до 59 години, 8 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и три случаи од возрасната група од 30 до 39 години.