Евидентирани се 12 граѓани излекувани во еден ден во Кичево. Истиот ден не е регистриран ниту еден случај на инфициран со ковид-19. Тоа ќе овозможи бројот на активни случаи во оваа општина да се намали и ако се земе во предвид и фактот што повеќето активни случаи се пациенти со полесна клиничка слика, за очекување е слични бројки на оздравени да имаме и наредните денови.
Тоа го потврдуваат и членови на Кризниот штаб.
– Она што го најавувавме подолг период, а тоа е да се зголемува бројот на оздравени пациенти се случи во два наврати, а денес ја бележиме рекордната бројка на оздравени вкупно 12. Бидејќи немаме новозаразени случаи, тоа значи дека бројот на активни случаи се намалил и денес тој изнесува 116 и за очекување е следните денови да имаме сличен број на оздравени пациенти, поради полесната клиничка слика кај повеќето инфицирани со ковид-19 – вели д-р Џабир Бајрами, директор на Здраствениот дом во Кичево и член на Кризниот штаб.Инаку во оваа општина вкупниот број на заразени изнесува 247, додека во исто време бројот на починати изнесува 10 лица.
З.А.