Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека изминатата седмица, односно во периодот од 26 април до 2 мај, во општина Прилеп имало 89 нови случаи на заразени од ковид-19. Од последици на коронавирусот починале 13 лица. На болничко лекување се 51 лице, од кои 39 се на кислородна поддршка, додека во дневната болница се лекуваат 55 пациенти.
– Бидејќи е намален бројот на заразени, а со тоа е намален и бројот на хоспитализации, затворен е еден од ковид одделите на гинеколошкото одделение, а деновиве се планира уште еден да биде ставен вон функција – вели диркеторката на болницата Кети Смилеска.
Бројот на активни случаи со ковид-19 во Прилеп изнесува 626. Вкупниот број на заразени од ковид-19 во Прилеп од почетокот на пандемијата изнесува изнесува 8.187. Од коронавирусот починале 405 лица.
Напоредно тече и вакцинацијата на лица постари од 73 години во Здравствениот дом. Досега е вакцинирани 1800 лица. По реакциите од прилепчани зошто нема масовна имунизација во градот, туку граѓаните се повикуваат во Битола, надлежните најавуваат дека наскоро ќе биде отворен пункт и во Прилеп. Ка.М.