Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа се регистрирани нови 24 случаи на заразени лица од коронавирус, со што вкупната бројка достигна 201 лице.
Владата донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викендите, за уште поголема заштита од ширењето на коронавирусот. Како што објави техничкиот министер Оливер Спасовски, за време на викендите се забранува движењето на сите граѓани од 16 до 5 часот.
Оваа мерка ќе важи заедно со сите други претходно донесени забрани. Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи соопшти дека од ЕУ и помошта од меѓународните донатори ќе бидат обезбедени средства за поддршка на буџетот, како и 55 респиратори за Клиниката на инфективни болести и други потребни материјали.
Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека починала пациентката од Дебар што заедно со нејзиниот сопруг заболе од коронавирусот. Нејзината состојба беше влошена подолго време.
Инаку, пет лица од контактите на директорката на Клиниката за дерматологија, Нина Цаца Билјановска, се позитивни на коронавирусот, покажале тестовите направени во Институтот за јавно здравје.