На заедничка иницијатива на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, ќе се одржи министерска видеоконференција со цел координација и унапредување на соработката на министерствата за надворешни работи од земјите од Западен Балкан и земјите од ЕУ во непосредна близина на овој регион во следната фаза од справувањето со социо-економските последици од пандемијата на ковид-19. Таа се одржува во континуитет на Солунската конференција на високо ниво од февруари 2020 година, а во присуство на високи претставници на ЕУ-институциите.
За време на дискусиите, министрите ќе разговараат за тековната и за идната соработка во врска со можните начини за регулирање на прекуграничните патувања, транспортот и туризмот исполнувајќи ги потребните медицински критериуми, како и за заемната поддршка на економиите на земјите.