Согласно акцискиот план што го изготви oпштината Битола, денеска почна масовна дезинфекција на станбените единици во битолските населби.
Денеска ЈП „Комуналец“ заедно со сите јавни претпријатија ги дезинфицираше станбените згради и улици во населбите Стрелиште, Карпош, Кланица и Стара болница.


Во наредните денови јавните претпријатија откако претходно го дезинфицираа центарот на градот и популарниот Широк Сокак ќе продолжат со дезинфекција на останатите станбени единици во Битола.

M.M.