Македонскиот полициски синдикат го повикува министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, да излезе во јавноста и на транспарентен начин да ги извести синдикалните членови вработени во МВР, кој е неговиот советник што е позитивен на ковид-19, со цел да се скенира состојбата и да се утврди кој се бил во контакт со заразениот.
Од синдикатот воедно изразуваат целосна поддршка до сите колеги кои деноноќно се на терен.
– Рамо до рамо со медицинските лица несебично вложивте натчовечки напори да ја одржите ситуацијата со ширењето на заразата под контрола – се наведува во поддршката која од полицискиот синдикат ја упатуваат до своите униформирани колеги.