На граничниот премин Деве Баир утрово треба да пристигнат првите дози на вакцини од Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе му ја предаде пратката на премиерот Зоран Заев.
Станува збор за првата пратка од 4.000 вакцини од производителот „Фајзер“. Вкупно, од Србија, земјава треба да набави 8.000 вакцини.
Вакцините требаше да пристигнат четвртокот, но поради усогласување на техничката документација настанот се одложи.