Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска на социјалните мрежи објави дека од ковид-19 починал 21-годишен кавадарчанец. Како што соопшти Јанчев, пред два дена од коронавирус починал и братот на момчето, кој бил на 26-годишна возраст.
– Ова е тажен ден за нашето Кавадарци. За жал денес изгубивме уште еден млад човек кој не успеа да се избори со оваа страшна пандемија. Пред два дена го изгубивме на 26-годишна возраст, денес почина и неговиот брат на 21-годишна возраст. Трагедијата е огромна и нема зборови кои можат да дадат утеха на семејството Ѓерѓеви во овие моменти. Заедно со Советот на Општина Кавадарци изразуваме длабоко сочувство до таткото на починатите браќа и нивниот брат и поширокото семејство. Пандемијата однесе два човечки живота на двајца браќа во период од 3 дена, немоќни сме да се бориме и да дадеме утеха. Уште еднаш изразуваме длабоко сочувство и стоиме на располагање за помош на семејството кое е погодено од огромна трагедија. Да се чуваме сите и што поскоро да ги поминеме овие тешки денови – напиша Јанчев.