Над двесте лица кои се во изолација поради контакт со директорката на Клинката за дерматологија Нина (Цаца) Билјановска, која беше разрешена од функцијата, чекаат ред за да им биде направен контролен тест за коронавирус.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека кај ниту едно од лицата кои биле во контакт со ексдиректорката не се појавиле симптоми на вирусот.
Тие се во изолација од девети март откако на осми март ноќта кај директорката бил дијагностициран коронавирусот.
– Сите кои што биле во контакт со директорката на Клиниката за дерматологија ќе бидат тестирани во следните денови. Во соработка со нив ќе бидат направени групи за тестирање затоа што не може сите да бидат завршени во еден ден. Кај нив изолацијата од 14 дена е истечена, немаат симптоми на болеста. Откако ќе ги соопштиме резултатите од тестирањето, очекуваме тие да се врата на работните места – рече министерот Филипче.
Ексдиректорката Билјановска на 29 март се вратила од Италија, но место да се изолира цела недела одела на работа, а учествувала и на симпозиум каде што имало над стотина дерматолози од целата земја. Клиниката за дерматологија беше затворена, вработените пуштени во домашна изолација, а министерот ја разреши Билјановска од функцијата.
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев минатата недела извести дека поднел пријава до Обвинителството за екдиректорката и дека и таа како и сите останати лица кои не ги почитуваат препораките на Владата ќе бидат казнети согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик.