На ниво на ОВР Кичево, полициските службеници во изминатото деноноќие констатирале 15 прекршоци на граѓани за неносење на лична заштита на лицето.
На овие лица им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила, за носење лична заштита на лицето, заради спречување на ширерње на заразната болест ковид-19. Во исто време полициските службеници самостојно и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле и 9 контроли врз угостителски и други објекти, информира Стефан Димоски од СВР Охрид. З.А.