Денеска на 57-годишна возраст од компликации на ковид-19 почина Елизабета Јанкова, дипломиран технолог, здравствен работник од Центарот за јавно здравје Битола.
Јанкова повеќе од три и пол децении беше дел од битолското здравство и сега во екот на пандемијата несебично се вложуваше во извршувањето на работните задачи.
Јанкова е втора жртва, здравствен работник, на ковид-19 во битолското здравство.
Пред една недела во Клиничката болница во Битола почина медицинска сестра од одделението за хирургија.
М.М.