Во изминатото деноноќие едно лице од Кичево не ја почитувало забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот. Лицето е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Во истиот период не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. Во Кичево регистрирани се 12 нови лица во изолација а во оваа општина извршени се 28 контроли врз лица во самоизолација.

Во 69 извршени контроли врз угостителски објекти во изминатото деноноќите, дел се спроведени и во Кичево , каде не се регистрирани неправилности.

Од СВР Охрид упатуваат апели до граѓаните строго да ја почитуваат одлуката на Владата за забрана на движење на граѓаните на целата територија, секој работен ден од 16 до 5 часот наредниот ден, за совесно и дисциплинирано придржување на останатите препорачани мерки и насоки во врска со спречување на ширењето на коронавирусот, како и сите правни и физички лица да се придржуваат до насоките на полициските службеници. З.А.