Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години, кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација.

Од Клиниката се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на ковид-19:
Скопје – 28
Куманово -44
Дебар – 2
Штип – 1
Прилеп – 11
Тетово – 5
Струга – 1
Велес -4
Битола – 6
Кавадарци -1
Гостивар – 2
Кочани -1
Кичево -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1081. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:
Скопје – 367
Куманово – 306
Дебар – 51
Штип-32
Прилеп –100
Тетово – 48
Струга – 50
Велес – 40
Битола –15
Охрид –7
Кавадарци – 4
Гостивар –12
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-4
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 26
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -2

Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ –468 , преку Ветеринарен ф-тет – 21, Авицена –22 , Биотек – 23 и Филип Втори (Жан Митрев) – 126. Досега во земјата се направени вкупно 10.422 тестирања на ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје примени се 11 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. 18 пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти и во моментов во оваа болница се лекуваат 38 пациенти со ковид-19. Во потешка состојба се 8 пациенти, а на респираторна машина 6.

Во Битола се хоспитализирани вкупно 8 пациенти од кои 2 се повремено на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат уште 8 пациенти.

Во болницата во Штип се лекуваат 8 пациенти, а се следат уште 18 во домашни услови.