Донација од 100 илјади вакцини „Синофарм“ од Народна Република Кина пристигна денес во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.
Министерот за здравство Венко Филипче и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, истакнаа дека ова е вистинска помош во вистинско време. Тие присуствуваа на приемот на донацијата заедно со кинескиот амбасадор Џанг Ѕу, кој нагласи дека Кина е подготвена да го поддржи македонскиот народ во ова време на пандемија.
На крајот од минатиот месец во Македонија пристигнаа 200 илјади вакцини „Синофарм“, а најавени се и 500 илјади вакцини „Синовак“.