Клиничката болница во Битола доби нова донација. Компанијата „ДМ“ денеска донираше два апарата за механичка вентилација-респиратори во вкупна вредност од 36.600 евра.
Респираторите се донирани во Министерството за здравство, кое согласно потребите на здравствените институции во нашата земја една од донацијата ја пренасочи кон ЈЗУ Клиничка болница во Битола.
Инаку, на ниво на целата компанија „ДМ“ група донирани се вкупно 15 вакви апарати – анестезиолошки вентилатори Примус, со што, како што истакнуваат од најголемиот дрогериски ланец во Европа, „ДМ“ продолжува да биде сојузник на заедницата на патот
кон побезбедна и поздрава иднина.
– ДМ е познат кај широката јавност како компанија која е вистински заснована на принципите на општествена одговорност. Паралелно со успешните резултати кои ги остваруваме од година во година, секојдневно вложуваме во заедницата во која делуваме. Тоа не е само наш гест на благодарност или обврска, туку одговорност, како дел од овој пазар да придонесеме кон подобрување на животот на луѓето во нашата земја. Во моменти, кога како општество сме соочени со големи предизвици
предизвикани од глобалната пандемија, неопходна е сечија солидарност, за да излеземе како победници од оваа битка. Се надеваме дека овие два респиратори – анестезиолишки вентилатори Примус од германскиот производител „Дрегер“ кои ги донираме, ќе бидат од помош во оваа борба со пандемијата, но и ќе помогнат при лечење на пациентите со хронични болести, на кои исто така не смееме да заборавиме – изјави Предраг Петровиќ, член на Управа за „ДМ“ во Србија и Македонија. М.М.