Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на ковид-19.
– Како за добро утро, позитивен резултат од тестот за САРС-КоВ-2. Без маска само дома, 5 месеци работа-дома, но имунитетот попушти. Хроничниот стрес и премореноста си го направија своето. Чувајте се. Инаку, тестот го направив вчера на пладне, благодарност до МАНУ за брзиот резултат – напиша таа.
Директорката на кумановската болница претходно беше во самоизолација поради присуство на партискиот состанок, по што беше откриено дека директорката на УЈП, Сања Лукаревска, е позитивна, но резултатите беа негативни.