Општина Прилеп ја продолжува акцијата за дезинфекција на улиците, јавните површини, институциите и други станбени објекти во градот. Денеска беа дезинфицирани зградите во сите урбани заедници во Прилеп.
– Акцијата која беше координирана од страна на ЈКП „Комуналец“, ја реализираа триесетина волонтери, кои со пумпи ги дезинфицираа влезовите во зградите и просторот пред повеќе државни институции во градот – велат од општината. Ka.M.