Во Дебар нема новозаразени, а негативен е и тестот на последниот случај кој беше присутен во градот, според официјалните податоци што беа соопштени денеска.
Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, во изјава за МИА посочи дека нема лица во изолација, ниту пак во самоизолација. Дука, сепак, упати апел до граѓаните и натаму да ги почитуваат препораките на надлежните.
Од оштата болница во Дебар замина и последната, четврта група лекари-специјалисти кои дојдоа од други градови за да помогнат во справувањето со коронавирусот.