Единаесет скопски општини во моментов имаат троцифрен број на лица заразени со коронавирус.
Вкупно, во главниот град, активни се 1.909 случаи на заразени.
Од инв , најмногу се од Чаир (275), Гази Баба (206) и Аеродром (200).
Над 100 заразени има во Карпош (174), Центар (162), Кисела Вода (158), Бутел (140), Ѓорче Петров (120), Сарај (115), Студеничани (109) и Шуто Оризари (105).
Подоле се Арачиново со 33 заразени, Илинден-25, Петровец-22, Сопиште -20, Зелениково-13, Чучер Сандево-11.
Седум заразени се странци, а 14 се водат како нераспределени.