Во моментов активни се 2.585 случаи на корона-19 во Македонија, откако вчера беа потврдени рекордни 243 новозаразени за едно деноноќие.
Од активните случаи, најмногу се регистрирани во Скопје (891), Куманово (186) и Кочани (183). Троцифрен број на заразени има и во Струмица (178), Тетово (149) и Прилеп (134). Другите градови имаат помалку од 100 заразени.
Од скопските општини најалармантно е во Аеродром (144), Центар (142), Карпош (129), Кисела Вода (104) и Гази Баба (102).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.602, бројката на оздравени пациенти е 15.264, на починати е 753.
Досега во земјата се направени вкупно 193.652 тестирања на ковид -19.