Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 826 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.
– Во Битола се хоспитализирани 74 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 106 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 116, во ковид-центарот во Гостивар 47, а во Струга 31 заболен. Во болницата во Струмица хоспитализиран е 91 пацинет, во Кочани 21, во Кичево 18, во Кавадарци 39, а во Гевгелија 9 лица позитивни на коронавирусот – се наведува во соопштението врз основа на добиените извештаи од болниците.
Од ресорното министерство посочуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
– Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 1.285 и има околу 120 празни болнички кревети во ковид-центрите – се додава во соопштението.
Министерството за здравство појаснува дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.