И покрај тоа што во Битола трите модуларните ковид објекти се готови и во секој момент подготвени да ги примат пациентите од Ковид 19 во овој момент тие нема да бидат пуштени во употреба бидејки во Клиничкиот ковид центар има слободни уште 30 легла.
– Располагаме со сто кревети во Модуларниот центар и до сите има централен довод на кислород, располагаме со соодветна терапија, немаме застој во добавувањата, ги имаме сите возможни лекарства што се за третман, дури и најновите што се даваат во клиниките во Скопје. Се надевам дека граѓаните ќе ги почитуваат мерките за да би дошле до ситуација дополнително да ги отвораме како капацитети, зашто во моментот располагаме со два пункта и имаме некаде 30 кревети слободни – изјави директорката на Клиничката болница Билјана Гагачовска, за време на денешната посета на болницата министрот за здравство Венко Филипче.
Зборувајки за актуелната состојба со пандемијата министерот Филипче нагласи:
– Ние имаме балансирани мерки, а споредувавме резултати од некои земји кои имаа построги мерки, но и покрај тоа се соочија со силен бран, на пример во земји од Средна Европа иако не работеа ни реасторани, ни продавници, огромен број на пациенти имаше што значи вирусот не ги поштедува ни тие земји понатаму. Оние земји кои воведоа полициски часови и карантини поостроги од нашите откако се појави бранот, повторно не дадоа резултати. А таму има препораки, доколку се почитуваат нема да има проблем. Овие балансирани мерки се една умерена рестрикција , комбинирани со индивидуалната одговорност – рече Филипче, кој зборувајки за Модуларниот ковид центар нагласи дека Модуларната болница во Битола, во секој момент може да прими пациенти.
Системот на модуларни болници опфаќа 19 објекти во 16 општини, од кои во Битола три објекти, што го прави битолското ковид одделение најголемо во државата, рече Филипче.
М.М.