Деветнаесетгодишна девојка суспектна на коронавирусот, почина во битолскиот ковид-ценатар. Од Битолската болница за „Макфакс“ велат дека пациентката била со Даунов синдром и била донесена во болницата со тешка клиничка слика. И покрај обидите на лекарите да ја реанимираат, пацинетката ја изгубила битката со болеста.
– Пациентка беше донесена со екстремно тешка слика со симптоми на ковид-19 и за жал почина пред да и биде земен брис, така што оваа пациентка не се води како почината од ковид-19, затоа што немаше тест кој ќе потврди дали била позитивна на вирусот. Во болницата престојуваше неколку часа и за тој период лекарите направија се за да ја спасат. И покрај повеќето обиди за реанимација, оваа девојка ја загуби битката со животот – изјави директорката на битолската болница, Билјана Гагачовска, додавајќи дека нема информации дали некој од семејството на девојката бил позитивен на коронавурсот.
Инаку, во Битола вкупниот број на активни случаи изнесува 1.149, а моментно во Клиничката болница и Модуларниот ковид центар се хоспитализрани 134
позитивни на ковид-19. М.М.