Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје за време на воскресната литургија утрово беше празен, присутни беа само свештениците и новинарските екипи, а имаше и големо полициско обезбедување.
За првпат во земјава верниците го одбележуваат Велигден од своите домови, поради 85-часовниот карантин што го воведе Владата поради превенција и заштита од коронавирусот.