Во првата недела од мај
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај), тестирани се вкупно 15.781 материјали во лабораториите за тестирање за присуство на коронавирусот, што зголемување од 5,4% во однос на претходната недела.
Регистрирани се 1.304 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 37,2% во однос на неделата претходно.
Пријавени се 105 смртни случаи од 21 град, 37,1% помалку во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (н=482; 37%), со неделна инциденца – 78,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 169,9/100.000 е регистрирана во Виница.
Процентот на позитивност се движи од 2,5% до 12,2%, односно во просек 7,5%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.
„Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години (н=508, 39,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (н=227; 17,4%), 50-59 (н=208; 16,0%), 30-39 (н=176; 13,5%) и 20-29 (н=106; 8,1%). Најмал број е регистрирани има кај децата до 9 години (н=26; 2,0%) и 10-19 години (н=53; 4,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најголемо процентуално намалување кај лицата до 39 години (41,1%)“, информираат од ИЈЗ.
Кај починатите лица, во однос на возраста, 91 лице биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години, 5 лица на возраст од 40-49 години, 2 лица на возраст од 30-39 години и едно лице на возраст од 20-29 години.
По добиени два негативни теста, со статус „оздравени“ се стекнале 4.502 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 12,2% во споредба со претходната недела.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со ковид-19 за периодот од 3 до 9 мај, како и кумулативната состојба со ковид-19 во државата се објавува на веб-страницата на Институтот за јавно здравје.