Финансиските институции за коишто Народната банка е надлежен регулаторен и супервизорски орган, меѓу кои банките, штедилниците, менувачниците и правните субјекти коишто даваат услуга брз трансфер на пари, продолжуваат да работат и да ги извршуваат своите клучни функции, со што нивните услуги и натаму ќе ви бидат достапни.
Од НБРМ велат дека се во постојан контакт со овие финансиски институции и тие се подготвени да ги овозможат нивните услуги и во вонредни околности.