Не гледам телевизија, особено не вести
Седам дома и го чувам син ми Исак, кој има три години. Не се движам многу, освен кога треба нешто да се пазари. Дома не гледам многу ТВ, особено не гледам вести и наместо тоа свирам гитара, читам, ги следам онлајн предавањата за постдипломски студии.
Сопругата оди на работа, па јас често сум и домаќин па затоа чистам, пеглам, готвам, мијам садови, го средувам дворот и ги полевам цвеќиња. Со малиот Исак сме како другари со него дома цртаме, пишуваме бројки и букви, играме кошарка, фудбал, зборуваме и играме со куклите, а најчесто со прасето Пепа, знаеме да направиме и понекоја беља.