Пролетна приказна
Изолацијата не треба да ни биде затвор, туку слобода
Ова е голема промена за сите нас. Прекуноќ ни се променија животите. Изолацијата не треба да ни биде затвор, туку слобода. Постојано се жалиме дека немаме време за себе, за семејството, за работите што ги сакаме. Сега го имаме сето време на светот и треба да го искористиме мудро.
Во вакви времиња, кога мислите дека се ближи крај на светот, се отвораат милион други светови. Затоа за писателите ова е вистинско време. Најпосле го имаме она за кое копнеевме: мир и тишина, и најважното – време за пишување.
Петар Андоновски, писател