Носењето маски за лице е воведено во поголем дел од земјите во светот, поради спречување на ширењето на коронавирусот, но експертите предупредуваат дека за тоа во случајот со децата треба да се постапи со внимание.
Дали е разумна одлуката детето да носи маска на лице? Да, но под одредени услови и според одредена возраст, порача германското здружение на педијатри.
За да нашите маски им пружат заштита на тие околу нас и за да не ја изложи на поголем ризик личноста што ја носи, потребни се две работи. Прво маската мора целосно да го покрие лицето од коренот на носот до под брадата и треба да стои припиено на кожата.
Друго, еднаш кога ќе ја ставиме на лице, не смееме да ја допираме.
Во случајот со децата, вториот услов особено е тешко да се исполни. Помалите деца најверојатно нема да ја допираат маската само ако родителите на тоа непрекинато ги предупредуваат, што помало е детето, тоа почесто ќе ја допира маската.
Германското здружение на педијатри утврдило кои деца можат да носат маска и тоа се оние постари од две години. Поголемите деца би можеле да носат маски, барем во јавниот превоз или во продавница.
За време на играње на отворен простор, маската може да им смета или да биде дури и опасна, на пример нејзината еластична врвка може да се закачи за справите на детско игралиште, предупредуваат педијатрите.