Швајцарскиот тенисер, Роже Федерер се опоравува од повредата на коленото во родната Швајцарија. Преку Инстаграм испрати порака до јавноста, првпат по повеќе од еден месец.
Не зборуваше за тенисот, туку за пандемијата на коронавирусот.
– Навистина е многу важно правилата да ги прифатиме сериозно. Многу, многу сериозно. На крајот би можеле сите да завршиме во карантин нтае на куќите. Затоа се надевам дека ситуацијата ќе ја сфатиме сериозно – рече Федерер.
Тој уште еднаш ги повика луѓето да ги послушаат препораките на лекарите и стручњаците.
– Ги мијам рацете многу често, баш како што би требало тоа да го правиме сите. Верувам дека помаѓањето едни на други е сега најважно. Пред се на постарата генерација. Тие се изложени на најголем ризик. Мораме да се држиме на одалеченост од два метра и да не се ракуваме – рече швајцарскиот тениски ас.