Нема докази за вмешаност на животните (добиток и домашни миленици) во ширењето на коронавирусот и нема потреба за преземање на мерки што можат да ја загрозат благосостојбата на животните, соопшти Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО).
Наместо тоа, ФАО ги промовира вообичаените хигиенски практики на миење раце пред и после контакт со животните или хранење на добиток и домашни миленици, вклучително и внимателно ракување со месо од диви животни, во согласност со нормалната добра практика.
Истрагите да се разбере епидемиологијата на ковид-19 и вклученоста на животните како резервоар на вирусот или привремени домаќини, се во тек. Моментно, сепак, најголем ризик од ширење на ковид-19 е пренесувањето од човек на човек. Оттука, СЗО е надлежен и примарен извор на информации во врска со човековите здравствени аспекти на ширење на вирусот.
Од почетокот на глобалнaта појавa на коронавирусот, Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) соработува со Светската здравствена организација (СЗО) и Светската организација за здравје на животните (ОИЕ) за поддршка на земјите членки во идентификување на потенцијални домаќини на овој вирус кај животните и спречување на негово пренесување на луѓето.