Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение за ковид-19 и дека враќањето во нормала ќе потрае.
Повеќе од 18,1 милиони луѓе во светот се заразени со новиот коронавирус, а речиси 700.000 се починати.
Генералниот директор на СЗОО, Тедрос Аданом Гебрејесус и раководителот на Одделот за вонредни состојби Мајк Рајан инсистираат на тоа државите строго да ги спроведуваат епидемиолошките мерки како што се носење маски, физичка дистанца, миење раце и тестирање.
– Пораката до луѓето и владите е јасна: Направете се ѐ – порача Тедрос на виртуелната конференција во седиштето на ОН во Женева.
Маските за лице, порача тој, би требало да станат симбол на солидарност во светот.
– Поголем број од вакцините се во третата фаза од клиничките испитувања и сите се надеваме дека ќе имаме повеќе ефективни видови на вакцини кои би помогнале во спречување на заразата. Но, засега нема чудотворно решение и можеби никогаш нема да го има – рекол Тедрос.
Тој признал дека постои страв дека нема да има вакцина која е ефективна или заштитата од болеста ќе биде само краткотрајна и ништо повеќе, но дека тоа нема д асе знае се додека не се завршат клиничките испитувања.
Тедрос им порача на мајките да ги дојат своите бебиња и во случај да се заразени со коронавирус, бидејќи придобивките ги надминуваат ризиците од инфекција.
– СЗО препорачува мајките кои се сомнителни или се потврдени дека се позитивни на ковид-19 да се охрабруваат на истиот начин како и сите други да започнат или да продолжат со доење – рекол Тедрос.
Според него, бројните предности на доењето за бебето и децата значајно ги надминува потенцијалните ризици на инфекцијата.