Министерството за образование на Црна Гора го пролонгираше почетокот на учебната година и отворањето на градинките до 1 октомври, а еден од родителите на децата помлади од 11 години ќе имаат право на платено отсуство.
Црногорските здравствени власти проценија дека започнувањето на учебната година на 1 септември носи ризик по здравјето на децата поради неизвесниот развој на епидемиолошката ситуација, која, иако е под контрола, сепак е сложена.
Во Црна Гора моментно има 1.019 активни случаи на ковид-19.