Во изминатите 24 часа, во Хрватска беа регистрирани 1.401 нов случај на вирус САРС-КоВ-2, така што сега бројот на активни случаи на ковид-19 е 5.798, додека 38 лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Вкупно 2.084 пациенти се моментално во болница, од кои 191 се на апарати за дишење.Починале 38 лица. Во моментов има 18,747 лица во самоизолација. Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 219.347 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 4.342 починале. Вкупно се опоравиле 209.207 луѓе, од кои 1.359 во последните 24 часа.
До денеска се тестирани вкупно 1.070.562 лица, од кои 8.609 во последните 24 часа.