На денешната седница на Кризниот штаб одлучено е во Србија да се воведат ковид-пропусници.
Уредбата за воведување на ковид-сертификатот треба да биде усвоена на утрешната владина седница.
Кризниот штаб одлучил дека пропусниците нема да бидат потребни за аптеки и продавници, но според Блиц, кој напоменува дека се уште нема точни информации, најверојатно ковид-сертификатите ќе се бараат во ноќните клубови и баровите.