Словенија од денес активираше станици за брзо тестирање за ковид-19 на пет гранични премини со Хрватска, како и на аеродромот во Љубљана.
Воведено е правило дека сите патници кои пристигнуваат од земји од таканаречената црвена листа, кои немаат негативен резултат на ПЦР тест не постар од 48 часа, ќе мора да бидат тестирани.
Сите оние кои одбиваат да бидат тестирани или се позитивни ќе бидат вратени во земјата од каде доаѓаат или ќе бидат ставени во карантин.