Словенечката Влада донесе одлука граѓаните што патуваат од нашата држава да бидат сместени во 14 дневен карантин.
Одлуката важи и за државјаните на Словенија што патуваат од земјава.
– Поради влошената епидемиолошка состојба во Северна Македонија, на сите лица кои влегуваат во Словенија од Северна Македонија и имаат постојан или привремен престој во Северна Македонија, им е одреден карантин во траење од 14 дена, без оглед на државјанството или престојот – образложија од словенечката Влада.
Карантинот за Словенците, кои се враќаат дома од други земји, беше укинат пред три недели.