Словенечката влада воведе забрана на продажбата на заштитна опрема за да обезбеди доволно снабдување со маски за лице, санитарна и заштитна облека за здравствениот и спасувачкиот персонал.
Според таа уредба, донесена во неделата вечер, забраната стапува во сила веднаш за да се спречат проблемите, пренесува СТА.
– Продажбата мора да биде одобрена доколку сакаме да ја испорачаме оваа заштитна опрема и да обезбедиме работата во оваа област да се одвива непречено – рече словенечкиот министер за здравство Томаз Гантар по средбата со директорите на болниците.
Неколку дена пред да се воведе забраната во Словенија немало во продажба маски за лице и санитарна облека.
Гантар додаде дека ако тие стоки бидат повторно достапни во аптеките, луѓето ќе можат да ги купат.