Во Бугарија се потврдени нови 297 случаи на коронавирус, со што вкупниот број на случаи е на 13.014, се наведува на веб-страницата на бугарската влада.
Повеќето од пациентите се во Софија, а потоа следуваат Пловдив и Добрич, јави БТА.
Меѓу новозаболените има 12 здравствени работници.
Во моментов во Бугарија се заразени 5.205 лица, а 874 лица се хоспитализирани од кои 47 се на одделот за интензивна нега.