Од денеска во Србија започнува примената на третата доза на вакцината против ковид-19, објави српската влада.
Т.н. засилувачка доза може да се даде на секој што сака, без разлика дали припаѓа на групите за кои се препорачува дополнителна вакцинација.
Условот е да се поминати шест месеци од втората доза од вакцината.
Граѓаните ќе можат да изберат вакцина, што значи дека дополнителната доза може да биде различна од оние со кои биле вакцинирани, најавија здравствените власти.
Дополнителна вакцинација се препорачува за лица со оштетен имунитет или имуносупресивни состојби, лицата на кои им е трансплантирана коскена срцевина или органи и лица на хемодијализа.
Третата доза се препорачува и за лица постари од 70 години, вработени во домови за стари лица и институции за социјална заштита, како и граѓани кои често патуваат во странство.