На наставничка во основно училиште во Марибор и’ е врачено решение за прекин на работниот однос бидејќи одбила да биде тестирана или вакцинирана против коронавирус. Станува збор за прв случај од овој вид откако владата ги заостри мерките поради ширењето на епидемијата во третиот бран.
Како што објавија денеска словенечките медиуми, наставничката одбивала да се тестира еднаш неделно и да носи маска на часови, според обврзувачката наредба на Министерството за образование, и сега е отпуштена. Жената има право на жалба на одлуката за престанок на работниот однос во рок од две недели.
Медиумите објавија дека наставничката била активна во групата против вакцинација, која неодамна упадна во студио на информативна програма, барајќи да се престане со пропаганда на владината кампања за вакцинација, а во видео на Фејсбук ги убедувала родителите да не ги испраќаат своите деца во режимски и фашистички училишта.
Директорката на училиштето, Катја Прегл, за малиборскиот весник „Вечер“ изјави дека наставничката била отпуштена поради кршење на работните обврски.