Во Бугарија заразени се 67 лица со коронавирус, од кои пет се новозаболени во период од 24 часа. Ова го истакна раководителот на Централниот оперативен штаб, Венцислав Мутафчииски, на редовниот утрински брифинг на Академијата.
– Имавме средба со премиерот рано утрово и разговаравме за преземените мерки досега, повеќето луѓе се придржуваат до нив, но недамнешната состојба со редиците пред продавниците не натера да предложиме да се преземат дополнителни рестриктивни мерки, односно повеќе од двајца возрасни не се собираат заедно на отворен простор – рече Мутафчииски.
Тој порача дека во маркетите, луѓето треба да бидат оддалечени најмалку два метри едни од други.