Во последните 24 часа во Србија починале 31 човек, а регистрирани се нови 4.995 случаи на коронавирус. Од последниот пресек тестирани се 13.429 лица.
Моментално хоспитализирани се 6.214 пациенти, а на респиратори се наоѓаат 212 пациенти.
Со 31 смртен случај денеска бројот на починати во Србија се зголеми на 1.199, а процентот на смртност падна на 0,99 проценти.
Србија досега тестирала вкупно 1.623.48 лица, а ковид-19 е потврден кај 121.120 лица.
Владата на Србија вчера донесе седум нови мерки кои стапуваат на сила во вторник.