Српското министерство за здравство објави дека делта варијантата на коронавирусот е откриена во Србија кај двајца граѓани на оваа земја.
Според министерството, станува збор за лица кои неодамна се вратиле од странство.
Се работи за двајца помлади пациенти. Во моментот се во стабилна општа состојба и не се вакцинирани.
Секвенционирањето било извршено во Специјалистичкиот ветеринарен институт во Кралево.
За потсетување, вирологот Миланко Шеклер неодамна изјави дека делта сојот веројатно веќе е во Србија и дека тој циркулира низ наслението, само сè уште не е „фатен“ во лабораторија.