Грција ќе го плати сместувањето на туристите кои ќе бидат позитивни на коронавирусот за време на нивната посета на оваа земја, објави владиниот портпарол Стелиос Пецас пред новинарите.
– Ние го сторивме тоа во минатото и ќе продолжиме да го правиме тоа. Очекуваме далеку помал број случаи, но се надеваме дека нема да ги има, затоа што се смируваат епидемиолошките циклуси во европските земји од каде што ги очекуваме туристите – рече тој за време на редовната конференција, додавајќи дека целта е да се обезбеди максимална безбедност за жителите и посетителите.
Останува прашањето дали Грција ќе плати и за храна или за лекови за луѓето кои се принудени да останат во земјата.
Грција од 15 јуни ги отвора границите за туристите од 29 земји, меѓу кои е и нашата земја. Тестирање и карантин нема да бидат потребни, туку ќе има случајно тестирање на оние кои ја преминуваат границата.