На Клиниката за инфективни болести на Клиничкиот центар на Србија има 92 пациенти со умерена и тешка клиничка слика, додека во болницата во Земун има 380 пациенти, од кои 30 се на интензивна нега, пренесува РТС. Состојбата во Нови Пазар е стабилизирана, додека е лоша во Сјеница и Тутин.
Заменик директорот на Клиниката за инфективни болести, Ивана Милошевиќ, за РТС изјави дека биле тестирани 320 пациенти во изминатите 24 часа, а околу 100 во текот на ноќта.
– Во изминатите 24 часа, 144 пациенти се примени во болниците во Белград. Ова значи како да сме ја примиле целата Клиника за инфективни болести во изминатите 24 часа. Има огромен прилив на пациенти – предупреди Милошевиќ.