Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа денес дека се надева дека вонредната состојба ќе биде укината пред крајот на април.
– Едвај го чекам денот и се надевам дека ќе бидеме во позиција пред крајот на месецот да ја укинеме вонредната состојба. Ова е моја надеж, не моја прогноза – им кажа Вучиќ на новинарите во Ниш.
Укинувањето на вонредната состојба, објасни тој, не значи дека „нема да имаме дополнителни обврски и дека нема да мораме да се однесуваме дисциплинирано“.
Вучиќ најави дека на 28 јуни ќе ги награди со орден лекарите за сите заслуги во борбата против коронавирусот, пренесува Танјуг.
– Овие луѓе ќе влезат во историјата како херои на Србија и затоа сите тие кои беа најхрабри ќе ги одликувам вонредно на 28 јуни на Видовден, со орденот на Република Србија, за заслугите за нашиот народ – кажа Вучиќ.