Во последните 24 часа се регистрирани 30 нови случаи на инфекција со коронавирус во Хрватска, а најмногу заразени, по 12 лица има во Загреб и округот Осиек-Барања, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.
– Во моментов, потврдени се вкупно 2.366 лица заразени со коронавирус и пријавени се 30 нови случаи во последните 24 часа – соопштија од штабот.
Вкупно оздравени се 2.142 лица. Нема пациенти на респиратор, а 16 лица се лекуваат во болница. Вкупниот број на смртни случаи е 107. Досега се тестирани 73.093 лица, од кои 347 во последните 24 часа.